петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ обелоденија дека ќе се градат нови 150 згради во Карпош, Богоев се разочара дека веста ќе излезе во медиумите

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ обелоденија дека ќе се градат нови 150 згради во Карпош, Богоев се разочара дека веста ќе излезе во медиумите

Советот на општина Карпош денеска го усвои буџетот за наредната 2020 година, но она што го истакнаа како спорно советниците од ВМРО-ДПМНЕ се парите кои се предвидени за наплата на комуналии кои покажуваат дека во иднина во Карпош ќе никнат нови 150 згради.

-Во новиот буџет на општина Карпош се одвоени 375 милиони денари предвидени за наплата од аспект на комуналии за идната година, мојата груба пресметка беше дека тоа се од прилика околу 100 нови згради и веднаш бев корегиран дека не се планираат да се направат толку големи објекти и планирале згради со 10 до 15 станови што значи 150, оваа сума вели дека ние наредната година ќе изградиме 150 згради во општина Карпош. Како стигнавме до оваа цифра од 375 милиони денари? Раководителката на урбанизам одби било каква поврзаност во однос на проекцијата на планираната вредност, ниту била консултирана, ниту пак има доставено било каков податок во однос на интерес, поднесени дозволи за градба, или пак некоја тенденција за ширење во определени делови, вели Тони Јаревски советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека општината ќе гради згради според четирите ДУП-А што паднаа на Уставениот суд.

-Ќе се шириме кај касарната Илинден и Зајчев Рид, а касарната Илинден е единствениот ДУП кој што го имаме донесено, а за Зајчев Рид не знам ни во која фаза е, но информацијата моја која ја прашувам неколку пати е дека нема никаков интерес за градење кај касарната Илинден.  150 згради како што ги изброивме се по 10 згради минимум во секоја месна заедница, тоа мене за право ми дава дека е неприфатливо, рече Јаревски.

Тој вели дека ваков поставен буџет на ваков темел може да произведе само несогласувања, дезинформации, различни толкувања и загриженост кај сите граѓани.

По ова градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев изрази разочараност поради присуството на медиумите и во своја обрана наместо конкретен одговор на поставеното прашање на советникот тој истакна дека присуството на КУРИР било за да се пренесат наслови дека во Карпош ќе се градат 150 згради.

-Во општина Карпош загарантирано нема да се градат ниту приближно до 100 згради, ниту приближно до  таа бројка која Јаревски ја кажа. Постои инструментот ребаланс на буџетот и ние можеме да правиме во текот на годината согласно реализираните приходи и расходи и тоа е нормална пракса во Советите на општините. Би сакал да додадам дека комуналии се прибираат од куќи и од деловни објекти и од доградби така да има една лепеза на можности за прибирање на комуналии, а пак ќе кажам доколку не се одвиваат рабите како што треба повторно го имаме инструментот за ребаланс на буџетот и корекција на проекциите кои што ги има секторот за финансии, рече Богоев.

Богоев додава дека годинава имале пореално буџетирање отколку што имале пред две години.

Во продолжение целосно ви ги пренесуваме двете изјави од денешната 33 седница на Советот на општина Карпош.

Коронавирус