вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 171
home Вести

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир бара родителите да се ослободат од надоместок на трошоците за престој во градинките

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир бара родителите да се ослободат од надоместок на трошоците за престој во градинките

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општината Чаир преку статус на Фејсбук пишуваат дека преку предлог одлука бараат да се ослободат од надоместок на трошоците за престој во градинките на родителите од оваа општина.

-На денешната одржана 39-та седница на Советот на Општина Чаир, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи дополнителна точка на дневен ред која се однесуваше на носење на Одлука за ослободување од надоместокот на трошоците за престој во установите што паѓа на товар на родителите, во ЈУДГ “Фидани“ – Општина Чаир – Скопје и ЈУДГ “Снежана“ – Општина Чаир – Скопје.
Со оваа наша предлог одлука имаме за цел на сите родители без оглед на националната и етничката припадност да им олесниме во нивниот семеен буџет во овие тешки моменти со кои се соочуваме сите ние како жители на Општина Чаир поради пандемијата од Ковид -19.
Одлука за ослободување од надоместокот на трошоците за престој во установите што паѓа на товар на родителите, во ЈУДГ “Фидани“ – Општина Чаир – Скопје и ЈУДГ “Снежана“ – Општина Чаир – Скопје беше одложена за една недела по инсистирање на дел од советниците и барање на Претседателот на Советот на Општина Чаир, поради финансиските инпликации кои оваа одлука ги носи со нејзиното усвојување.
Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика досега не презеде никакви мерки и активности за укажување и давање на предлог до сите локални самоуправи за носење на една ваква одлука, и со тоа најдиректно да им помогнат на овие родители и смејества, а не да плаќаат за услуга за која и релано не ја користат во овие изминати наколку месеци поради кризата со Ковид – 19 и носењето на уредба за затворање на градинките во цела Македнија, вклучувајчи ги и детските градинки во Општина Чаир.
Почитувани Чаирчани, ние сме одговорна и државничка партија, партија која работи во интерес на граѓаните на Република Македонија, ние сме советничка група која своите мандати ги има добиено благодарение на вашите гласови и нашата основна обврска е да ги штитиме и да се залагаме за вашите интереси и потреби. Меѓутоа не наидовме на разбирање на послената седница на Советот и оваа предлог одлука не успеавме да ја донесеме која ќе беше од директна помош на родителите чии деца се запишани во овие градинки.
Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да работиме исклучиво за доброто и во полза на нашите сограѓани.
Со почит,
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Чаир, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Почитувани,На денешната одржана 39-та седница на Советот на Општина Чаир, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи…

Gepostet von Советничка листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за општина Чаир am Mittwoch, 17. Juni 2020

 

Најнови вести

Локални избори 2021