среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба изрази поддршка за неправедно затворените

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба изрази поддршка за неправедно затворените

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ најнапред изразува поддршка за неправедно затворените граѓани од Општина Гази Баба во врска со настаните од 27-ми април, ова на денешната прес-конференција го истакна Елизабета Стојменова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како мнозинство во советот на Општина Гази Баба сакаме да го искажеме својот револт поради што градоначалникот на Општина Гази Баба, господинот Борис Георгиевски нема предвидени нови мерки против загадувањето, а истите им беа главна тема во нивната изборна програма. Бидејќи во изминатите два месеци не работеа на овој проблем се здобивме со титулата најзагаден град во светот, тоа е градот Скопје и најзагадена Општина Гази Баба, потенцира Стојменова.

Таа додава дека тие сакаат да потенцираат дека постојано го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ за не преземање на мерки и проекти во врска со загадувањето за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така обвинуваа дека вината за големите поплави кои ја зафатија Општина Гази Баба е проблемот во ВМРО-ДПМНЕ, а истите денес не предвидуваат никакви мерки за заштита од пороите.

Коронавирус