вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Скопје се гуши, а Шилегов е задоволен со квалитетот на возудхот

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Скопје се гуши, а Шилегов е задоволен со квалитетот на возудхот

Скопје се гуши. Мерните станици кај Ректорат, во Лисиче и Карпош последните неколку дена мерат ниво на ПМ10 честички 2-3 пати над дозволеното, а за Шилегов воздухот во Скопје е добар. 4 години нема направено ништо. Градот секоја зима се гуши, а Шилегов нема одвоено денар за подобрување на квалитетот на возухот.
Скопје дише смрт затоа што Шилегов наместо за повеќе зелени површини парите ги фрли за скапи новогодишни прослави, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

Скопје се гуши, затоа што парите за животна средина одат на сомнителни тендери. Скопје е жртва на лагата на Шилегов кој пред 4 години вети чист воздух веднаш, а потоа ништо не направи. Шилегов стоеше до Заев кога викаше Ајро Ајро, а сега и двајцата ги нема никаде. А тоа го забележува и ЕК во извештајот за Македонија, според кој, ниту Заев, ниту Шилегов направиле нешто за намалување на загадувањето, иако целата власт е во нивни раце, потенцираат од советничката група.

Коронавирус