среда, 14. април 2021. Вести денес: 48
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов не направи ниту еден проект, нема тунел под Кале, нема нови булевари, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов не направи ниту еден проект, нема тунел под Кале, нема нови булевари, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак

Петре Шилегов нема направено ниту еден проект. Нема тунел под Кале, нема нови булевари, освен булеварите кои што му ги остави Коце Трајановски, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак. Петре Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна не работа и раздавање на тендери. Шилегов не оствари ниту 10% од неговата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комунална хигиена, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Скопје за овие 4 години стана еден од најзагадените градови во светот. 4 години Вардариште е дива депонија и проблем за Аеродром и Гази Баба. Диви депонии има на секаде во околината на Скопје и самиот град. Мерните станици на загаденоста на воздухот често покажуваат и по 10 и 20 пати зголемена канцерогеност на воздухот. Шилегов не се грижи за зеленилото. Сведоци сме на исушени дрва и исушена трева. Граѓаните немаат доволно вода за пиење, околу 40.000 жители во Гази Баба, Ѓорче Петров и Шуто Оризари живеат како во среден век, велат од советничката група.

– Шилегов нема инфраструктурни проекти. Шилегов вети и не ја направи Универзална сала. Шилегов вети и не направи забавен парк. Шилегов вети и не направи тунел под Кале. Шилегов вети и не направи нови мостови и булевари. Петре Шилегов ќе остане само познат по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштад Македонија, продажбата на градска куќа, обезличување на Скопје и како најнекултурен градоначалник на Скопје кој ги навредува сите неистомисленици со многу погрдни зборови, посочуваат тие.

 

Коронавирус