сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало, ништо што вети не реализира

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало, ништо што вети не реализира

Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало, ништо што вети не реализира. Шилегов вети тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, реконструкција на Универзална, и многу капитални проекти, ништо од тоа не направи. Шилегов вети повеќе зеленило, а на терен гледаме се повеќе исечени дрвја, стои во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека наместо да гради, Шилегов краде.

– Со градски пари Шилегов купува противпожарно возило со скала кое е двојно поскапо од исто такво возило купено во град Загреб. Шилегов ја продаде градската куќа за 12 милиони евра, а никој не знае каде се парите, дали се потрошени и на што? Наместо капитални проекти, Шилегов се расфрла со пари за клупи од тропско дрво. Нема субвенции за инвертер клими таму каде што се потребни, но има на места каде не се користат загадувачки начини на греење по партиски клуч. Заедно со Богдановиќ, Шилегов ја овозможува бетонизацијата на строгиот центар на Скопје, и како најповикан не излезе со став и не се спротивстави, посочуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Шилегов е толку неспособен, што единствен капитален проект му е хациендата во Маврово која си ја направи за себе. Со Шилегов Скопје застана и не се развива. Време е Шилегов да си замине. Време е за Македонија за сите луѓе, додаваат тие.

Коронавирус