петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мрзливиот Шилегов ветуваше стоп за бетонизацијата, а сега за зградите кај Холидеј Ин молчи, кој е неговиот став?

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мрзливиот Шилегов ветуваше стоп за бетонизацијата, а сега за зградите кај Холидеј Ин молчи, кој е неговиот став?

Мрзеливиот Петре Шилегов да не се крие и да излезе да го каже својот став во врска со висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Советничката група на град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

-Целата јавност се крена по прашањето на бетонските градби кои треба да никнат во центарот на Скопје, а градоначалникот на градот нема став, и се надева дека никој нема да го праша. Ветуваа стоп за бетонизација, ронеше крокодилски солзи во опозиција, а сега молчи за високактниците кај Холидеј Ин. Нели СДСМ и мрзеливиот Шилегов ќе ја спречуваа бетонизацијата на Скопје и неконтролираното градење без запазување и заштитување на животната средина? Дали мрзеливиот Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, е за изградбата на бетонските висококатници спроти Холидеј Ин или е против?, прашуваат тие.

Од советничката група прашуваат и кој е ставот на Шилегов? Дали молчењето на Шилегов скопјани треба да го сфатат како одобрување за бетонските висококатници спроти Холидеј Ин?

-Доколку мрзеливиот Шилегов е за изградба на висококатниците чесно е да го каже својот став. Скопјани заслужуваат да знаат, стои во нивното партиско соопштение до јавноста.

Коронавирус