вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потврди дека однапред се знаеше купувачот на градската куќа, не се знае само висината на провизиите за приватни џебови

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потврди дека однапред се знаеше купувачот на градската куќа, не се знае само висината на провизиите за приватни џебови

Денес Шилегов го потврди она што Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го говореше изминатите 2 месеци за скандалот со продажбата на Градската куќа.

Денес Шилегов потврди дека однапред се знаеше купувачот на градската куќа, а самата лицитација беше само формалност за да се озакони сомнежот за криминал.

Македонија со Шилегов и криминалците на Власт стана земја каде однапред се знае кој ќе победи на тендер, а останува само непозната висината на провизијата за приватните џебови за која се сомневаме дека постои во овој случај.  Дополнително Шилегов новиот сопственик на зградата го почасти со бесплатно државно земјиште и платени комуналии кои не се прерачунати во цената по која е продадена Градската куќа.

Петре Шилегов не дозволи увид на јавноста на објектот. Не дозволи увид во документацијата и начинот на продажбата.

Освен провизиите отворено прашуваме дали во игра е план за продажба на аткрактивното земјиште на сегашното седиште на градот кое треба да припадне на еден моќник на власта? Дали во срцето на Скопје ќе никне нова бетонска џунгла за заштита на приватните бизнис интереси на власта?

Интегрален текст од соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје

Коронавирус