сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува загриженост и револт поради хроничната неработата на Шилегов и урбаниот и сообраќаен хаос поради што се загрозува безбедноста на велосипедистите и пешаците.

Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта.

Додека секаде низ Европа велосипедистите уживаат привилегии, само во Град Скопје под управа на Шилегов тие се загрозена категорија учесници во сообраќајот. Две години Шилегов потроши на планирање и правење на стратегија, додека велосипедски патеки има се помалку, а урбан бетон се повеќе.

Се што вети крадоначалникот Шилегов неисполни за велосипедистите.

-Пред изборите вети и неизгради нов велосипедски и пешачки натпатник кај Алкалоид во Гази Баба.

-Вети и неисполни велосипедска патека на улицата Орце Николов.

-Шилегов вети и неисполни нова велосипедска патека кај реката Лепенец и реката Вардар во делот на Ѓорче Петров.

-Шилегов вети и неисполни велосипедски и пешачки мост во Аеродром.

-Шилегов вети и несполни нов железнички надвозник за велосипедисти и пешаци во Даме Груев.

-Шилегов вети и неисполни изградба на велосипедски рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една страна, и од Бутел, низ Чаир, до Центар.

Наместо да мавта со документи и планови Шилегов треба да ги засука ракавите и да започне да работи.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа.

Интегрален текст од соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје