сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Шилегов е единствен градоначалник во светот кој за нечистење на снег исплаќа на фирма пола милион евра

Шилегов е единствен градоначалник во светот кој за нечистење на снег исплаќа на фирма пола милион евра

Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој за ниту еден сантиметар снег исплатил 260 илјади евра за компанија која треба да чисти снег, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Само за два месеца, од 15 ноември 2019 до 15 јануари 2020 година, Шилегов на фирмата добитник на тендерот исплаќа околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари. Фирмата добитник на тендерот ќе добие на сметка над 500.000 евра за ништо, односно за мирување и нечистење снег. Нема друг случај каде за невршење на работа се исплаќа вака голема сума на пари. Откако беше објавен овој случај надлежните институции молчат и не го преиспитуваат случајот за недомаќинското и расипничко трошење на народните пари, додаваат од партијата.

Од таму додаваат дека ова отвора сомнеж за коруптивно и криминално работење кој мора да се испита.

Коронавирус