сабота, 6. март 2021. Вести денес: 89
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Езерото Треска жртва на урбаната мафија заштитена од власта, во целост ги поддржуваме барањата на камперите

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Езерото Треска жртва на урбаната мафија заштитена од власта, во целост ги поддржуваме барањата на камперите

Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта. Она што се случува во моментот таму е илигален грабеж и руинирање на она што преставува државна сопственост и заедничко добро на сите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го престави како некое ревитализирање. Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење на објекти и кршење бетон преставува ревитализирање а не грабеж. Во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото, велат од партијата.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на авто камперите, и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој прпблем. Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска. Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов, се вели во соопштението.

Најнови вести

Коронавирус