вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 181
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Среќата на Скопјани немa цена, но твојата има, 100 илјади евра за една вечер

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Среќата на Скопјани немa цена, но твојата има, 100 илјади евра за една вечер

-Почитуван градоначалник Петре Шилегов,среќата на Скопјани нема цена, ама очигледнo Вашата има, и таа е 100 илјади евра за една вечер, реагираат од Советничката група на ВМРО-ДПМЕ на објавата на Шилегов.

-А ако се мери во месеци, таа е отприлика 12 милиони евра колку што ја продадовте Градската куќа (несметано, но веројатно надополнето за авантата во 4 очи). Оттука пред да продолжите со цената на насмевките, добро е да кажете кои се спонзорите кои даваат 100 илјади евра, и колку тие спонзори имаат бенефит од владата во други бизниси, стои во реакцијата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-И за на крај, грешите, кога Ви велат дека лош Ви е ПР-от, не се фалите доволно, ве лажат, не е до ПР-от, до вас е, не работите. И колку да не остане заборавено, Скопјани во едно ќе Ве послушаат, “никад нема да гласаат” за вас, му порачаа од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Ваквата нивна реакција следи откако претходно градоначалникот на Град скопје, Петре Шилегов во негов претпознатлив и арогантен стил објави Фејсбук статус за некаква си црна кампања против него.

-Почитувани непочитувачи, гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски). А колку чини среќата на Скопјани? Еве Ви фотографии, напиша Шилегов.

Колку чини оваа среќа, љубов, незаборавни моменти на Скопјани ? Моменти што животот го прават убав, полн со сеќавања. А сеќавањата се нешта што стареат со нас, добиваат вредност со нас, со нашите години, со нашите спомени, додава тој во својата објава.

Радоста и сплотеноста на Скопјани е мноооогу, многу повредна од Вашата црна кампања. Ваш е изборот. Искрено се надевам дека ќе најдете сила да ја пронајдете и поубавата страна од животот, вели Шилегов.

Дотогаш, барем радувајте се на туѓата среќа. Така полесно ќа ја најдете и сопствената, порача градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Парламентарни избори 2020