среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег

Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа од советничката група на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег. Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано. 64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година. Шилегов освен неосновната ароганција и заразна неспособност не покажува никакви други резултати, велат од советничката група.

Од таму додаваат дека во нормална држава Шилегов кривично ќе одговара за потрошените пари чии резултат е еднаков на нула. Снегот ги покри дивите депонии во Скопје но не и неспособноста на Шилегов.

ЕУРО 2020

Македонија