сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 93
home Вести

Состојбата станува сериозна: Косово воведува такси за македонски производи

Состојбата станува сериозна: Косово воведува такси за македонски производи

Поради забраната за увоз на риби за порибување од Косово, косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шала порача дека одлучиле да воведат реципрочни мерки за македонските производи, пишува ТВ21.

-Од јуни годинава кога Македонија ги наметна царинските бариери за косовските производи, јас бев во контакт со надлежните од оваа земја и испратив поплаки преку Секретаријатот на ЦЕФТА, но и лично писмо до нивниот министер за економија. Веќе поминаа два месеци и немаме одговор, затоа сум должен да го штитам интересот на Косово, косовскиот бизнис . Поради заштитата на нашите производи должни сме преземаме други правни дејствија, согласно законите на Република Косово, односно да воведеме реципрочни мерки, порача косовскиот министер Ендрит Шала.

Домашните власти, пред изесно време рекоа дека мерката била неопходна, и не се однесува само на Косово, туку на сите држави кои немаат гаранција за здравствена исправност на нивните икри. Што се однесува до забраната таа се однесува само на порибувачкиот материјал, односно за икра и млади риби, додека пак свежата риба може да се увезува во земјава.

Коронавирус