сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Состојбата со корона вирусот излегува од контрола, Филипче и Владата без конкретен одговор

Состојбата со корона вирусот излегува од контрола, Филипче и Владата без конкретен одговор

Македонија секојдневно се соочува со се поголем број на новозаразели лица од Ковид-19, а исто така се соочува со проблемот што речиси болниците се преполни со пациенти кои што се хоспитализирани од корона вирус. Во текот на вчерашниот ден како и во претходните беа регистрирани нови 383 случаи, а животот го загубиле 7 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на пидемијата изнесува 20937, бројката на оздравени пациенти е 16194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3951.

Институтот за јавно здравје регистрираше 95 оздравени пациенти од: Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.

Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).

Инаку, како што претходно информираа од МЗ вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на пидемијата изнесува 20937, бројката на оздравени пациенти е 16194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3951. А според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 8478, активни 1743

• Куманово 1879, активни 172

• Дебар 294, активни 36

• Штип 1361, активни 119

• Прилеп 813, активни 176

• Тетово 1585, активни 210

• Струга 720, активни 63

• Велес 378, активни 56

• Битола 388, активни 105

• Охрид 463, активни 48

• Кавадарци 278, активни 60

• Гостивар 978, активни 75

• Гевгелија 201, активни 95 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 428, активни 264

• Крива Паланка 152, активни 48

• Радовиш 139, активни 57

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 495, активни 219

• Пробиштип 129, активни 22

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 96, активни 3

• Пехчево 48, активни 5

• Берово 147, активни 54

• Валандово 65, активни 45

• Виница 131, активни 41

• Делчево 187, активни 96 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 27, активни 3

• Свети Николе 401, активни 68

• Кичево 357, активни 35

• Ресен 170, активни 11

• Неготино 67, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 92

• Гази Баба – 168

• Аеродром – 311

• Карпош – 301

• Центар – 316

• Кисела Вода – 208

• Ѓорче Петров – 149

• Бутел – 67

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 3

• Сарај – 16

• Арачиново – 4

• Илинден – 31

• Сопиште – 9

• Чучер Сандево – 6

• Петровец – 7

• Зелениково – 3

• Странец – 14

• Нераспределен-23, информираа од МЗ.

Коронавирус