среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 106
home Вести

Состојбата со грип во Македонија стабилна

Состојбата со грип во Македонија стабилна

Релативно мал број на регистрирани случаи на грип, кој е под неделната граница за сезонска активност на територијата на Македонија регистрира Институтот за јавно здравје.

Во 43-тата недела, односно периодот од 21.10.2019 – 27.10.2019, во Македонија пријавени се 17 нови случаи на заболувања слични на грип. Регистрираниот број е идентичен со бројот на заболени во однос на минатата недела.

Во споредба со истиот период лани нема значајно отстапување, а во споредба со типичната сезонска крива бројот на пријавени заболени лица е помал за 37.

Најголем број на заболени се регистрирани во Гостивар, 8 заболени лица, а најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15-64 години.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи.

Најнови вести

Коронавирус