вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот: Вкупно регистрирани 1.030.325 заразени лица

Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот: Вкупно регистрирани 1.030.325 заразени лица

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.030.325 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 54.207, а оздравеле 219.905 луѓе.

– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска излегува од дводневен карантин, откако и третиот тест и беше негативен на коронавирус. – Канцеларката денеска се враќа на своето работно место во канцеларија. Секако, со почитување на правилата за физичка дистанца, изјави портпаролот Штефен Зајберт.

– Бројот на заразени со коронавирус во Словенија вчера се зголеми за 41 лице и сега има вкупно 938 инфицирани.

– Лондонскиот аеродром Хитроу најави дека поради намалениот број летови ќе затвори една од двете писти за слетување.

– Пакистанската полиција најви дека денеска ќе ги спречува верниците да одржат молитви во џамиите за да се спречи проширување на коронавирусот, откако минатонедлениот апел не даде резултат.

– Здравствените експерти предупредуваат на опасност од ширење епидемијата во јужна Азија, дом на една петтина од светската популација со лошо јавно здравство. Пакистан досега потврди 2386 случаи на инфекција со коронавирус, што е најмногу во јужна Азија. Бангладеш е дом на околу 160 милиони луѓе и е една од најгусто населените земји во светот. Досега бележи 56 случаи, од кои шест се фатални. Индија има 2069 инфекции, со 53 смртни случаи. Овие бројки се мали во споредба со САД, Кина, Италија и Јапонија.

– Унгарија ќе воведе нов фонд за пандемијата и до вторник ќе ги разработи деталите за најголемиот економски пакет стимуланси, рече премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека плановите првенствено се насочени кон зачувување на работните места. Здравствените работници ќе добијат бонус оваа година во висина од 1.500 долари како компензација за дополнителниот обем на работа и ризици во борбата против коронавирусот, рече тој.

– Бројот на починати од Ковид-19 во Иран за едно деноноќие се зголеми за 134 лица и сега изнесува 3.294 луѓе, соопшти претставникот на Министерството за здравство Кијануш Јаханпур. Во земјата се заразени 53.183 лица, а 4.035 се под надзор. Досега се опоравија вкупно 17.935 лица во Иран.

– Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Подгорица во заедничка изјава посочија дека се планира следната помош за Црна Гора од 8,4 милиони евра за здравствениот систем ќе биде дистрибуирана од 2021 година. „Европа се соочува со досега невидена, вонредна ситуација во јавното здравје, но дури и во овие тешки времиња, Европската унија е тука за нашите партнери од Западен Балкан – како сега, среде кризата, така и понатаму“, се вели во соопштението.

.-Во Москва во последните 24 часа се регистрирани 448 нови случаи на заразени, со што вкупниот број се искачи на 2.923. Меѓу новозаразените, 199 се на возраст меѓу 18 и 45 години, 159 се на возраст од 46 до 65, а 73 лица се над 65 години. Меѓу новозаразените има и 17 деца, кои се ставени под медицински надзор. Од работната група посочуваат дека сите жители на Москва ќе мора да останат во своите домови до 1 мај.

Коронавирус