сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Состојба на патиштата: Снег на Шапка, Маврово и Буково

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Состојба на патиштата: Снег на Шапка, Маврово и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и Буково, но не се задржува на коловозот, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15 март.

Коронавирус