среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 72
home Вести

Состојба на патиштата, остатоци од кашест снег на некои патни правци

Состојба на патиштата, остатоци од кашест снег на некои патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус