сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Состојба на патишта

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

На патниот правец Кичево – Охрид кај с. Врбјани, на ден 06.10.2020 (вторник) поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус