понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Состанок на националната мрежа за следење на антимикробната резистенција

Состанок на националната мрежа за следење на антимикробната резистенција

Состанок на националната мрежа за следење на антимикробната резистенција ќе се одржи денеска во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, во рамки на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици.

Состанокот ќе се одржи во организација на Мултисекторската комисија за контрола на антимикробна резистенција при Министерство за здравство и во соработка со Здружението на микробиолози и ЦРИС „Студиорум“.

Податоците покажуваат дека во светски рамки, вклучително и во нашата држава, антимикробната резистенција, односно отпорноста на бактериите кон антибиотиците е растечка закана за глобалното здравје. Секоја година во светот умираат околу 700 илјади лица, како резултат на инфекции со бактерии отпорни кон повеќе антибиотици. Отпорноста кон антибиотиците е причина за смрт на 33 илјади луѓе во Европската унија секоја година и овој број постојано се зголемува.

Светската недела за подигнување на свеста за антибиотици традиционално се одбележува во ноември, со цел зголемување на глобалната свест за отпорност кон антибиотиците и стимулирање на примената на најдобрите практики кај пошироката јавност, здравствените работници и креаторите на политики.

Коронавирус