среда, 4. август 2021. Вести денес: 90
home Вести

Сорос јуниор на гости кај Курто Дудуш во Шутка

Сорос јуниор на гости кај Курто Дудуш во Шутка

Претседателот на Фондациите Отворено општество – Њујорк, Патрик Гаспард и Александар Сорос, филантропист и син на Џорџ Сорос, ја посетија општина Шуто Оризари.

– Во кратката агенда која ја имаа за посета на Македонија, Гаспард и Сорос ја посетија и нашата општина. Со нив беа претставници од канцеларијата на РИО Будимпешта и ФООМ. Во двочасовната агенда која ја планираа за нас, разговаравме за развојните планови на општината, посетивме локално население од месноста Брсјачка буна и им ја покажавме локацијата каде ја планираме првата индустриска зона, вели градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

– Отворено ги разговаравме можностите за заедничка соработка. Воедно, пренесовме и покана до господинот Џорџ Сорос да ни биде гостин во следна прилика, додава Дудуш.

Коронавирус