Новоименуваниот амбасадор на Бугарија во Македонија Ангел Ангелов денеска ја посети Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со чие раководство разговараше за унапредување на соработката на двете земји во аудиовизуелната област.
– На состанокот стана збор за Договорот за соработка од 2014 година меѓу јавните радиодифузни сервиси на двете држави, којшто треба да биде продолжен следната година како и за негово целосно спроведување, соопшти АВМУ.
Целта на договорот е воспоставување поблиска соработка меѓу двете држави и промовирање на нивната култура. Со него се предвидува бесплатно реемитување на сателитскиот канал на МРТ преку кабелските оператори во Бугарија и обратно и реемитување на сателитскиот канал на БНТ без надомест преку кабелските оператори во Македонија.