понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 64
home Вести

Сопственикот на „Беса Транс“ недостапен за органите, не може да се изврши вонреден инспекциски надзор

Сопственикот на „Беса Транс“ недостапен за органите, не може да се изврши вонреден инспекциски надзор

Kанцелариите на БЕСА ТРАНС се уште се заклучени за инспекторите на Државниот инспекторат за транспорт и по две недели од кобната автобуска несреќа во Бугарија во која живтот трагично го загубија 45 лица,

Директорот Руфат Хусеини вели дека управителот на компанијата е недостапен за органите. Доколку управителот на компанијата не одговори и на писменото барање, на помош ќе биде повикано и МВР.

-Управителот на компанијата не е достапен, ние пробавме да извршиме вонреден инспекциски надзор но не успеавме. Службените канцеларии на Беса Транс беа затворени, не беше никој тука и сега доставивме известување, вели Руфат Хусеини.

В.д директорката на Царинската управа Славица Кутиров вели дека се потребни итни реакции за целосно расчистување на случајот но и дека не постои раководител кој нема да сноси одговорност за овој случај.

-Ова бара итни,брзи, ефикасни реакции и како што реков и на почетокот дека оваа дебата треба да биде во тој придонес. Јас лично немам никаков проблем ако тоа на било каков начин придонесе во расчистување и подобрување на овие состојби да поднесам оставка , вели Славица Кутиров.

Бугарските истражители излегоа со неколку верзии за тоа која е точната причина за несреќата. Според нив, се разгледуваат неколку опции, односно техничката исправност на автобусот, лошата патна сигнализација но како верзија не се исклучува и грешка на возачот.

Коронавирус