четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат паушал ако живеат во нив

Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат паушал ако живеат во нив

Ниту еден граѓанин, кој живее во стан во негова сопственост, што бил исклучен од системот за централно греење пред 31 март 2019 година, нема да плаќа никаков трошок за испорака на топлинска енергија од системот за централно греење започнувајќи од сметките за месец април, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Обврската за плаќање фиксен надоместок за централно греење ќе продолжи единствено за граѓаните кои се исклучени од системот за централно греење и нивните станови се празни.

Од Комисијата појаснуваат дека за ослободување од плаќање сопствениците на становите што се исклучени од системот за централно греење се должни до снабдувачот со топлинска енергија да достават барање што е одобрено од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и е достапно на шалтерите на снабдувачот, имотен лист на станот кој не е постар од 30 дена за кој бараат ослободување од обврската и лична карта на увид.

Најнови вести

Коронавирус