петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 207
home Вести

Сопругата на новинарот Горан Михајловски доби 200.000 евра од државата преку Фонд за иновации

Сопругата на новинарот Горан Михајловски доби 200.000 евра од државата преку Фонд за иновации

Листата на провладини портали и медиуми кои добија пари од државниот Фонд за иновации се зголемува. Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави уште еден случај на потенцијална корупција при доделувањето на грантови од Фондот, каде овој пат среќниот добитник е Искра Јовановска Михајловска сопруга на сопственикот на порталот ,,Сакам да кажам’’, новинарот Горан Михајловски, пишува Инфомакс.

-“Сакам да кажам” (СДК) дека сум многу среќен што и сопругата на Горан Михајловски Пиже има добиено 150-и-кусур илјади евра како би дошол животот. Пиже инаку е заведен како полициски соработник под кодно име “Ресенски воз” (Чуф, чуф реденка…). Втор ред, прва од десно. Хепи фемили…, напиша Неделковски на својот Фејсбук.

Имено Михајловска со својата микро команија ,,Веда ДОО Скопје’’, доби 13,8 милиони евра или речиси 223 илјади евра од државата. Ова не е прв ваков случај некој од провладините медиуми или лица блиски до провладините медиуми да добијат огромна сума на пари од државата, да се потсетиме дека на нашиот портал пред само неколку дена објавивме дека помеѓу добитниците на милионски грантови од Фондот за иновации се најде и весникот ,,Слободен печат’’. Очигледно е дека медиумската пропаганда е клучна за Заев и СДСМ во наредниот период, кога власта се соочува со намалена поддршка во очи референдумот за промена на името, пишува Инфомакс.

-На крајот од денот сите овие медиумски чинители во иднина ќе бидат запомнети како медиуми кои за огромни суми на пари и бенефиции учествувале во националното предавство, промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава, стои во текстот на порталот.

Коронавирус