понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 148
home Вести

Сопругата на Маричиќ ја потпишала стипендијата за ќерката на Димитров – за антикорупциска се е чисто

Сопругата на Маричиќ ја потпишала стипендијата за ќерката на Димитров – за антикорупциска се е чисто

Државната комисија за спречување корупција го затвори случајот „стипендијата на ќерката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров“ за кој била поднесена анонимна пријава, соопштија од Антикорупциска.

-За да се добие оваа стипендија има точно утврдени услови и бодови кои важат за сите кандидати, а прв услов за да се добие стипендијата е студентот да успеал да се запише на еден од врвните факултети кои се на Шангајската листа, а не зависи од тоа кој е министер, изјавиле од Антикорупциската комисија.

Како што објави Нова ТВ, кога конкурирала ќерката на министерот Димитров, биле примени вкупно 6 кандидати кои ги исполнувале условите. Другите кандидати не биле одбиени, туку им било оставено време, дополнително да ги достават потребните документи.

Стипендијата во износ од 40.000 долари на ќерката на министерот Никола Димитров, за додипломски студии во Холандија, била доделена со потпис од Маринела Маричиќ Тушева, сопруга на Бојан Маричиќ, советник на премиерот Зоран Заев.

На итна седница на штотуку формирана комисија во Министерството за образование било одлучено Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да добие стипендија од 40.000 долари за додипломски студии во Холандија.

На 4 август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори, министерка за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт, пишува порталот Инфомакс и додава:

Она што досега беше непознато за јавноста е дека сопругата на специјалниот советник на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, Маринела Маричиќ Тушева во тој момент била во функција на заменик претседател на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство за академската 2017/2018.