четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

Сопартијците на Меркел со порака- рано е за преговори со Македонија

Сопартијците на Меркел со порака- рано е за преговори со Македонија

Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) се против брз почеток на преговори со Македонија и Албанија за приклучување кон ЕУ. Одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, вели Гунтер Крихбаум од ЦДУ, објави Дојче веле на македонски јазик

„Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Гунтер Крихбаум од Христијанско-демократската унија. Тој за агенцијата ДПА оценува дека „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот (СПД), пак, притиска за брз почеток на преговорите. „Сега ЕУ треба да испорача“, пишува Рот во гостински коментар за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Треба да го одржиме ветувањето“, пишува Рот, кој оценува дека Северна Македонија и Албанија направиле „опиплив напредок“.

Коронавирус