понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Сопартиецот Душко Илиевски-Млекарот го прозива Кирацовски за криење на незаконски стекнатиот имот

-  Генералниот секретар Кирацовски од секаде сака да зема пари, неможе да ги задоволи своите апетити, пишува Илиевски на неговиот фејсбук профил. Имено Илиевски обелоденува дека Кирацовски е избран и за член на Управниот одбор на пливачката федерација на Република Македонија.
Сопартиецот Душко Илиевски-Млекарот го прозива Кирацовски за криење на незаконски стекнатиот имот

Познатиот активист на СДСМ, Душко Илиевски – Млекарот го прозва генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Кирацовски, за криење на незаконски стекнат имот.

Според Илиевски, Кирацовски во својот анкетен лист не ја пријавил својата хациенда во центарот на Битола, која ја изнајмува за хотел. Според Илиевски, Кирацовски има и друг имот кој е заведен на име на неговата мајка, кој тој го нема пријавено.

Илиевски го извадил Анкетниот лист на Кирацовски, објавен на страната на Антикорупциска, на истиот тој ја нема пријавено хациендата во центарот на Битола, која како што пишува Илиевски, ја изнајмува за хотел.

Илиевски исто така објавува дека Кирацовски сокрил и куќа која е заведена на неговата мајка, Еленица Кирацовска, имот кој ниту Кирацовска, ниту Кирацовски го имаат пријавено. Илиевски прашува дали за ова непријавување на имот и богатство ЈО ќе покрене истраг по допрен глас.

–  Генералниот секретар Кирацовски од секаде сака да зема пари, неможе да ги задоволи своите апетити, пишува Илиевски на неговиот фејсбук профил. Имено Илиевски обелоденува дека Кирацовски е избран и за член на Управниот одбор на пливачката федерација на Република Македонија.

Јавноста се прашува уште колку имот функционерите на СДСМ не пријавиле. Граѓаните чекаат како што пишува и Илиевски од Антикорупциска и од ЈО, да реагираат и да го санкционираат и преземат истрага против Кирацовски. Јавноста очекува од Кирацовски одговори.

Коронавирус