вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 81
home Вести

Соопштени добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година

Соопштени добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година во областа на воспитанието и образованието му се доделува на универзитетскиот професор Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф, соопшти Министерството за култура.

Одлуката ја донесе Одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Газанфер Бајрам. Наградата на годинашните добитници ќе им биде врачена в среда, 8 декември 2021, во 12 часот во Собранието на Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Коронавирус