среда, 8. јули 2020. Вести денес: 69
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Соопштени добитниците на државната награда „22-ри Ноември“

Соопштени добитниците на државната награда „22-ри Ноември“

Истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи се добитници на државната награда 22-ри Ноември која се доделува за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во земјава.

Одлуката ја донесе организациски одбор под претседателство на проф. д-р Гзиме Старова. Тројцата добитници, како што соопшти Министерството за култура, се наградени за нивниот придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на 22-ри Ноември  во 13 часот во Собранието на Република Македонија. (МИА)

Парламентарни избори 2020