сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Сообраќајот зголемен надвор од градските средини

Сообраќајот зголемен надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.