четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 110
home Вести

Сообраќајот во Македонија се одвува по влажни коловози, снег паѓа на Попова Шапка

Сообраќајот во Македонија се одвува по влажни коловози, снег паѓа на Попова Шапка

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози.

Снег врне на Попова Шапка, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат дека на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава. ев/

2021-01-08 07:10:18, од Елизабета Велјановска-Најдеска

Коронавирус