понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 119
home Вести

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на патниот правец Велес-Катланово и на Плетвар до 150 метри.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.