сабота, 22. јануари 2022. Вести денес: 41
home Вести

Сообраќајот по влажни коловози, останува забраната за камиони на патот Тетово- Попова Шапка

Сообраќајот по влажни коловози, останува забраната за камиони на патот Тетово- Попова Шапка

Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, што беше воведена завчера во 22 часот, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Како што информира Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози .

Од АМСМ предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Потсетуваат и на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Коронавирус