петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 124
home Вести

Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат, соопшти АМСМ.

На планинскиот премин Ѓавато, поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус