вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 108
home Вести

Сообраќајот по влажни коловози, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот по влажни коловози, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.