недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопшти утрово Автомото сојузот на Македонија.

На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до местото Добра Вода – село Франгово (во должина од 3 км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола се уште е во прекин и истиот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, а сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена е соодветна сигнализација.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.