вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Сообраќајот нормализиран, се пропуштаат возила на ГП „Богородица“

Сообраќајот нормализиран, се пропуштаат возила на ГП „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на ГП Богородица е нормализиран и се пропуштаат возила.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус