четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 102
home Вести

Сообраќајот на патот Катланово-Велес нормализиран по одронот

Сообраќајот на патот Катланово-Велес нормализиран по одронот

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај селото Сопот од 21.45 часот е нормализиран, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива по две коловозни ленти, соопшти ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на тој патен правец поради поголем одрон од 20.55 часот се одвиваше наизменично со мали прекини поради чистење на одронот. На самото место беа екипи на ЈП Македонија пат и сообраќајна полиција.

Најнови вести

Коронавирус