петок, 18. септември 2020. Вести денес: 164
home Вести

Сообраќајот на патиштата со умерен интензитет

Сообраќајот на патиштата со умерен интензитет

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомото сојузот.

На граничните премини од македонска страна, како што посочуваат, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус