Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
На 26.09.2018 (среда) ЈП Македонија пат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1105 на потегот од с.Давидово до Удово од 09.00 до 17.00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува кај клучката кај с.Миравци по стариот пат А1е. На местото на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.