петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Сообраќајот без застои и ограничувања

Сообраќајот без застои и ограничувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Макеоднија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Коронавирус