сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 55
home Вести

Сообраќајниот колапс го открива планот на Спасовски: На грбот на граѓаните – несоработка на МВР со градоначалниците од опозицијата

Сообраќајниот колапс го открива планот на Спасовски: На грбот на граѓаните – несоработка на МВР со градоначалниците од опозицијата

Вчерашниот сообраќаен колапс на Скопје всушност ги открива контурите на планот на Оливер Спасовски за тотална несоработка на МВР со општините кои ги предводи опозицијата.

Сето тоа паѓа на грбот на граѓаните и оваа партиска идеја на СДСМ, спроведена преку министерството на Спасовски е валкана игра која веќе ги покажа своите “заби“.

Тоа што вчера се случи во Скопје е дрско покажување на сила и власт. Неуспехот на изборите вака СДСМ сака да им го врати како црвен картон на граѓаните кои не гласаа за партијата на Зоран Заев.

Планот на Спасовски, според добра анализа од лица кои се разбираат во политика и полиција, се однесува на дадени јасни насоки за непостапување и немање основна комуникација на командирите на полициските станици со градоначалниците на општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

На последните локални избори, губењето на скопските општини и Град Скопје беше најголем удар за СДСМ. Со свесно правење на целосен хаос во сообраќајот оваа валкана игра е наменета како казна токму за скопјани.

Понатаму, дел од планот на Спасовски е непочитување и изигрување на законската постапка согласно Закон за полиција за поставување командири на полициски станици од општа надлежност таму каде општинските совети не се предводени од СДСМ.

Според добро упатени извори, планирана е целосна несоработка на СВР Скопје со администрацијата на Град Скопје предводена од Данела Арсовска.

Овој план на СДСМ кој се реализира преку Спасовски не содржи превентивни активности преку Советите за превенција на општинско ниво таму каде општинската власт е на опозицијата. Напротив, планирано е превентива во оваа насока воопшто да не постои.

Немање на никакви активности во рамки на проектите поврзани со т.н. Community policing за граѓаните од општините кои гласаа за опозициски кандидати, е исто така дел од планот на МВР под капа на Спасовски.

Како што дознаваме, дел од полициските функционери на локално ниво во неформален разговор со градоначалниците на опозицијата дури и самите признаваат дека имаат јасни насоки од нивните претпоставени дека комуникацијата со новите општински власти не треба воопшто да се одвива или да се одвива на минимално ниво.

Впрочем, вчерашниот колапс на сообраќајот од Скопје беше показна вежба како преку исклучување на сообраќајната регулација на четири клучни скопски крстосници од страна на полицијата се предизвикува сообраќаен хаос.

Според најавите од партиски извори од СДСМ, со промената на Зоран Заев од челната позиција, министерското место во МВР ќе му припадне на новиот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Така Спасовски ќе остане без функцијата која со овој свој план брутално ја злоупотребува.

Коронавирус