недела, 5. декември 2021. Вести денес: 96
home Вести

Сообраќајна несреќа на самиот граничен премин Стење – создадена километарска колона, граѓаните револтирани (ФОТО)

Сообраќајна несреќа на самиот граничен премин Стење – создадена километарска колона, граѓаните револтирани (ФОТО)

Судир помеѓу камион и два автомобили се случил вечерва на самиот граничен премин Стење од македонска страна при излез од земјава, а за влез во соседна Албанија.

Во меѓувреме е направена и километарска колона, а во некои од автомобилите има и мали дечиња кои речиси повеќе од еден час стојат во место и не тргнуваат.

Нашите сведоци за КУРИР велат дека тие се револтирани од спората реакција на полицијата и координацијата за расчистување на километарската колона на возила која расте од минута во минута.

Во моментов од МВР се уште нема детали, наскоро очекуваме поопширно…

Коронавирус