четврток, 15. април 2021. Вести денес: 10
home Вести

Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, во прекин сообраќајот за товарни возила

Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, во прекин сообраќајот за товарни возила

Заради сообраќајна незгода која се случи вечерва по 17:00 часот на патот Струмица – Радовиш, кај селото Владевци, повеќе од еден час беше во прекин сообраќајот за товарни возила.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила. Повредени и загинати нема, а причинета е само материјална штета.

На местото на незгодата увид извршила полицијата и по завршувањето сообраќајот повторно е нормализиран.

Коронавирус