сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 52
home Вести

СОНК утре одлучува дали во понеделник ќе почне генерален штрајк

СОНК утре одлучува дали во понеделник ќе почне генерален штрајк

И покрај очекувањата на СОНК, Владата на денешната седница не одлучи за барањето на наставниците за зголемување на платите. Иако беше на дневен ред, Владата одлучи дебатата за буџетот за 2020 година да се одложи за следната седница. Ден претходно, министерот за образование, Арбер Адеми, вети дека на денешната седница ќе му се стави крај на прашањето со платите во образованието, но не наведе дали ќе го прифати барањето на СОНК.

А, претседателот на овој синдикат, Јаким Неделков, најавува дека утре одлучувачкиот орган на СОНК ќе ја информира јавноста дали најавениот штрајк ќе започне на 11 ноември в понеделник. Неделков уште еднаш потенцираше дека СОНК не отстапува од барањето покачувањето да започне од 1 јануари.

Освен зголемување на платите, СОНК бара и измена и дополнување на колективните договори за основно и средно образование, регрес за годишен одмор, надомест за превоз на наставниците, екстра пари за дополнителните часови, ревидирање на доплатата на часовите за комбинирана настава, изготвување и потпишување на колективни договори за високо образование и наука, а сето тоа да почне да се спроведува од 1 јануари 2020 година.