недела, 9. мај 2021. Вести денес: 126
home Вести

СОНК: Разликите меѓу нашите барања и барањата на МОН се многу големи

СОНК: Разликите меѓу нашите барања и барањата на МОН се многу големи

Во гостувањето на Сител, претседателот на СОНК, Јаким Неделков зборуваше за актуелната тема околу покачувањето на платите на вработените во образовниот процес.

– На 23 август ние донесовме одлука дека на 2 септември влегуваме во предупредувачки штрајк, така да денешните шпекулации во јавноста денеска дека СОНК ќе одлучува во недела дали ова ќе биде штрајк или не, тоа го демантирам и велам дека е шпекулација. Ние се спремаме 2 септември да биде предупредувачки штрајк, истакна претседателот на СОНК.

Тој во своето гостување посочи дека имале средба со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, при го истакна следното:

– За жал во јавноста не можам да споделам позитивни разговори со министерот , односно предлози од МОН односно кои би оделе во правец дека можеби за викендот би нашле прифатливо решение. Од тие причини јас би рекол дека скоро е сигурно дека во понеделник настава ќе нема, дека наставниците ќе дојдат на своите места, дека нема да ги прифатат учениците од 1 одделение до 4 година, дека ќе бидат во просториите кадешто ќе штрајкуваат и дека овој предупредувачки штрајк ќе биде испочитуван од целокупното членство на СОНК и дека ќе помине во најдобар ред што се однесува од аспект на синдикатот.

Претседателот на СОНК во своето обраќање кажа дека се надева нивната одлука ќе биде испочитувана од страна на огромното мнозинство на наставници. Тој потенцираше дека обидите на локалните самоуправи да прикажат нешто друго дека ќе се организира прифаќање на првачиња, прослава на правачиња претставува притисок врз наставниците кои ќе штрајкуваат.

-Јас во оваа прилика сакам да кажам дека секој оној кој ќе изврши притисок врз било кој од оние наставници односно од вработените во образованието кои ќе штрајкуваат подлежат на кривичен законик односно прават кривични дело со кое ќе одговараат пред законот, додаде тој.

При своето гостување тој потенцираше дека разликите меѓу нивните барања и барањата на МОН се многу големи , од тоа што Владата и МОН ја даваат и дека многу не се разликува од тоа што јавноста знае, 5% зглемување на платите во 2019 година.

-Ова е апсолутно неприфатливо за нас. Оставеме простор цел септември да разговарем со надлежните и тоа значи дека ќе се обидеме да најдеме решение за зголемување на платите во кој процент за 2020 и се надевам дека нема да се повтори оваа несака ситуација, порача претседателот на СОНК.

Коронавирус