четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 162
home Вести

СОНК најавува протести од понеделник ако не се постигне договор: „Од министерот зависи дали навреме ќе почне учебната година“

СОНК најавува протести од понеделник ако не се постигне договор: „Од министерот зависи дали навреме ќе почне учебната година“

До први септември ако МОН не испорача резултати, протест ќе има во понеделник, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава за Сител.

Покачувањето од 5 проценти е недоволно за просветните работници, писмо со јасни барања испратиле до министерот.

-Доколку учебната година не почне навреме вината ќе биде кај министерот. Од него зависи дали ќе има штрајк. Нашиот став останува ист, ако не повика на средба оваа недела и испорача конкретни резултати на нашите барања одлуката ќе биде променета, порача Неделков од работен состанок на Синдикатот во Куманово.