среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Сончево време, во текот на ноќта врнежи од дожд

Сончево време, во текот на ноќта врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а попладне со мала до умерена облачност.

Во текот на ноќта, како што соопшти УХМР, облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, наутро со услови за слаба магла во делови од котлината. Попладне со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени.

Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Најнови вести

Коронавирус